Skip to main content

Одрон на земјиште ја доведува во прашање безбедноста во стариот дел на Охрид

Ти Си Твојот Град: Одрон ја нарушува безбедноста во стариот дел од градот.
 |  инфодеск  | 

Одронато земјиште во стариот дел од градот предизвика сериозни оштетувања, при што е уништена оградата на еден имот, а дел од земјата зафати и половина од патот, создавајќи опасност за пешаците и жителите на овој дел од градот.

Според жителите на Месокастро, ситуацијата е ризична и стравуваат од нови одрони. Дополнително, оштетениот дел од патот го отежнува нормалното движење на граѓаните.

Граѓаните апелираат до надлежните служби итно да излезат на терен и да преземат мерки за санирање на штетата, расчистување на патот и обезбедување на просторот. Велат дека ситуацијата е небезбедна и бара брза реакција, пред да дојде до посериозни последици.