Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот

Денес минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 15 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Денес минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 15 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека и утре, сабота, утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h. Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.