Skip to main content

ООМУ „Методи Патче“ Охрид со врвни резултати на 64-тиот Државен музички натпревар

Учениците од ООМУ „Методи Патче“ – Охрид остварија извонредни резултати, потврдувајќи го континуитетот и квалитетот во работата на училиштето.
 |  инфодеск  | 

На 6 и 7 април 2026 година, во Скопје се одржа 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, на кој учениците од ООМУ „Методи Патче“ – Охрид остварија извонредни резултати, потврдувајќи го континуитетот и квалитетот во работата на училиштето.

Флејта (класа проф. м-р Нина Момировска):

  • Бојана Размоска – Прва специјална награда
  • Ана Јованоска – Прво место
  • Тијана Шутароска – Прва награда
  • Миа Стојкоска – Прва награда

Хармоника (класа проф. Филип Гавриловски):

  • Никола Чулчески – Прва специјална награда
  • Михаил Стојаноски – Втора награда
  • Стефан Таштаноски – Трета награда

Пијано:

  • Ана Кузманоска – Специјална прва награда (класа проф. Ана Ѓоргиоска)
  • Борјан Николоски – Прва награда (класа проф. Ана Ѓоргиоска)
  • Исидора Кочовска – Втора награда (класа проф. Игор Климоски)
  • Алексеј Чуркоски – Втора награда (класа проф. Даниел Чуркоски)

Виолина:

  • Бисера Радеска – Трета награда (класа проф. Мухамед Бајрам)
  • Антица Николоска – Прво место (класа проф. Мухамед Бајрам)
  • Ана Јосифоска – Втора награда (класа проф. Елица Рашкова)
  • Димитар Јанкуловски – Прва награда (класа проф. Елица Рашкова)
  • Димитар Аслимиски – Втора награда (класа проф. Елица Рашкова)
  • Стефан Бараковски – Прва награда (класа проф. Елица Рашкова)
  • Виктор Србиноски – Прва специјална награда (класа проф. Елица Рашкова)

Теорија (класа проф. Бојан Матоски):

  • Борјан Николоски – Прва специјална награда
  • Мартин Серафимоски – Пофалница

ФОТО Галерија ТУКА.

Од училиштето упатија честитки до учениците за нивниот труд, посветеност и истрајност, посакувајќи им уште многу успеси во иднина. Посебна благодарност беше изразена до професорите Даниел Чуркоски и Ирена Веруш за пијано придружбата и поддршката.

Натпреварот беше организиран од Здружението на музички и балетски педагози, во соработка со Министерството за образование и наука, а поддржано од Европската асоцијација на музички натпревари за млади.