Skip to main content

Уапсен охриѓанец пријавен за вознемирување и упатување закани телефонски и на социјални мрежи

При извршен претрес со судска наредба во неговиот дом биле пронајдени мобилни телефони, компјутери и други електронски уреди, кое се одземени за понатамошна постапка.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 09.04.2026 во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 44 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходни пријави дека телефонски и од профили на социјални мрежи вознемирувал и упатувал закани на повеќе членови на неговото семејство. При извршен претрес со судска наредба во неговиот дом биле пронајдени мобилни телефони, компјутери и други електронски уреди, кое се одземени за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.