Кривична пријава против Агенција за обезбедување од Скопје и сопственикот поради неисполнување на обврските од договор со Управата за заштита на културното наследство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и сопственикoт и управител на агенцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.
-Лицето со неизвршување на обврските по склучување на договорот со Управата за заштита на културното наследство, не ги исполнил техничките услови предвидени во договорот, односно ангажирал помал број на вработени лица и покрај тоа што еден од основните услови за квалитетно извршување на договорот е економскиот оператор да има вработено или ангажирано минимум 10 лица за физичко обезбедување кои имаат лиценца и легитимации и да има вработено или ангажирано минимум пет лица за техничко обезбедување кои имаат лиценца за техничко обезбедување, информираат од СВР Охрид.


