Охрид исполнет со туристи за продолжениот празничен викенд
Охрид деновиве дише во духот на Велигден.Додека м олитвите одекнуваат од древните храмови, улиците се исполнети со туристи кои доаѓаат да ја почувствуваат празничната магија на „Балканскиот Ерусалим“.
Градот е исполнет со гости, најбројни се домашните, од соседството, но има групи и од европските и азиските земји. Духовната атмосфера ги обединува и верниците и туристите од различни вери и националности, кои Велигден го доживуваат на посебен начин.
-Таа магија ја има некако во воздухот, претходно луѓето ги подготвиле домовите, исчистиле, се припремаат свечени јадења, во ред и тие ни се потребни и тоа е дел од тој убав ден, но ќе ја потенцирам духовноста пораката е да се сакаме, да веруваме, да се љубиме и да простуваме, вели Данче Матова историчар на уметност.

– Поготово за верските празници се знае како се одбележуваат и не треба дополнителни активности доволно е тоа што празниците ги одбележуваме во склоп на верата традицијата и нема што да се збогати. Доволно е да дојдат да ги посетат нашите храмови да присуствуваат на некоја од црковните литургии што се одржуваат“, вели Јаким Маленко туристички работник.

Покрај посетата на вековните храмови, туристите го користат престојот за прошетки крај езерото, запознавање со културно-историските знаменитости и уживање во локалните кафулиња и ресторани.
–Ние сме од Ванкувер Канада и вашиот град е преубав.
-Навистина е сооl земја сооl град, езерото е прекрасно и исто така вашите пари се сооl.
–Во Мексико на училиште ни раскажуваа за Македонија, не се сеќавам многу бидејки бев мал, но во Мексико е позната земја со слични обичаи кои ги има и во Мексико.
-Јас сум од Германија, многу ми се допаѓа овде, видов многу нешта и не можам да издвојам нешто.
-Големо е задоволството да се биде во Македонија, бидејќи не знаев многу за Балканот но преку ова патување собрав многу информации.
Охрид, традицонално за Велигден е дестинација која со бројните древни светилишта нуди униактно духовно и културно искуство.



Новинар Соња Рилковска


