Skip to main content

Еко-акција на потегот од Ботун до Белчишта

Со заеднички сили успеавме да собереме повеќе од 80 вреќи отпад, оставајќи зад нас почиста и поздрава животна средина, вели градоначалникот на Општина Дебрца.
 |  инфодеск  | 

Општинската администрација на Дебрца реализира еко-акција на потегот од с. Ботун до с. Белчишта.

Со заеднички сили успеавме да собереме повеќе од 80 вреќи отпад, оставајќи зад нас почиста и поздрава животна средина. Оваа акција е јасен пример за нашата грижа кон локалната самоуправа и граѓаните на општина Дебрца. Грижата за природата е наша заедничка одговорност, а ваквите иницијативи се чекор напред кон подигнување на еколошката свест, објави градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски кој воедно упати благодарност до сите кои учествуваа.