Skip to main content

Сончево време со температура до 19 степени

Од вторник до четврток времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Од вторник до четврток времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.