Skip to main content

Светол понеделник – веселете се и целата година ќе ви биде успешна

Кај христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба.
 |  инфодеск  | 

Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник.

Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Бројни верниците ги посетија црквите, запалија свеќи и се помолија за добро здравје, среќа и благосостојба во домот и на своите најблиски.

Со денешниот Светол понеделник започнува светлата недела. Со оглед на тоа дека Велигденското славење трае три дена, на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови.

Кај христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба. Затоа дружете се, веселете се и целата година ќе ви биде успешна.