Skip to main content

Црвен крст Охрид

Хуманитарна собирна акција под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“

Донациите можат да се достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ 52, секој работен ден од 8-16 часот. Воедно може да  се донираат и 100 денари со повик на бројот 143-400.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањто на Неделата на солидарност од 13 до 19 април 2026 година, под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“ Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население и обезбедување на истата.

Нашите хумани сограѓани, фирми, институции можат да се вклучат во оваа собирна акција за помош на најранливите со донирање на прехрамбени производи, средства за хигиена, облека, обувки… Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна, велат од Црвен крст Охрид.

Донациите можат да се достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ 52, секој работен ден од 8-16 часот. Воедно може да  се донираат и 100 денари со повик на бројот 143-400.