Skip to main content

МВР

МВР со 24-часовен маратон низ цела Македонија со акции за контрола на брзината

ROADPOL „Speed marathon“ се спроведува истовремено на европските патишта како заедничка акција на сообраќајните полиции низ континентот
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

Министерството за внатрешни работи соопшти дека македонската сообраќајна полиција, како членка на европската мрежа ROADPOL, од денеска се приклучува на засилена акциска контрола за санкционирање на возењето над дозволената брзина. Акцијата ќе трае до 19 април, а нејзина главна цел е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на несреќи со тешки последици.

Во рамки на оваа европска кампања, на 15 април од 00:00 часот до 16 април во 00:00 часот ќе се спроведе 24-часовен „Маратон на брзина“, при што ќе има непрекинати контроли на територијата на целата држава. Од МВР потенцираат дека брзото возење и натаму е една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици, па затоа е неопходно постојано превентивно дејствување.

Според МВР, голем дел од локациите каде ќе се вршат контролите им се однапред познати на возачите, со цел акцијата да има превентивен, а не само казнен карактер.

 „Целта не е казнување, туку почитување на ограничувањата и сообраќај што спасува животи“, порачуваат од Министерството. ROADPOL „Speed marathon“ се спроведува истовремено на европските патишта како заедничка акција на сообраќајните полиции низ континентот.