Вевчани реализира проекти со владина помош колку 2,5 општински буџети
Во најмалата општина во земјава во изминативе две години се реализирани вкупно 9 проекти. Станува збор за инфраструктурни проекти, вредни околу 26 милиони денари обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на Владата
За инвестиции во инфраструктира опрема и енергетска ефикасност општината со скромен буџет од 10 милиони денари доби дополнително пари во висина од дополнителни 2.5 буџети- помош од државата
-Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме да помагаме, особено на помалите општини, затоа што навистина им е потребна поддршка. Сега ќе го објасниме значењето на Ресурсниот центар пред општинската администрација, кој како проект е замислен да биде единствен контакт за сите проблеми на општините, кои ќе се поврзуваат со решенијата и знаењата што ќе ги понудат експертите. Мислам дека навистина ги поставивме и ги поместивме работите на подобро во делот на локалната политика и регионалниот развој. Од една страна интервентно финансиски ги поддржуваме проектите, а од друга страна работиме на зголемување на финансиската независност на општините, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Фотоволтаици за енергетска ефикасност на детската градинка Планински цвет, опрема за Јавното комунално претпријатие се дел ид реализираните проекти. Градоначалникот Кочосли вели значајна е поддршката особено за малите општини.
-Во делот на енергетска ефикасност поставивме фотоволтаици на детската градинка и ги зајакнавме капацитетите за одржување на локалните патишта, како и капацитетите на јавното комунално претпријатие во Вевчани. Секако, и во иднина. Веќе е излезена програмата преку Југозападниот плански регион, добивме, како што се пофаливме, мини-багер и секако ќе продолжиме. Знаете, механизацијата е многу важна во денешни услови за функционирање на една опшина, се надевам дека и подобри условите за работа во опшината, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.
Во иднина општина Вевчани очекува финансиска поддршка и за изградба на мултифункционално игралиште.


