Кривична пријава за в.д директорка на НП „Галичица“ за дозволени градежни активности во заштитен појас
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишна жена од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
– Во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа – Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту одобрен проект за инфраструктура, а била во заштитен појас од 50 метри, а за кој простор општина Охрид имала донесено времен мораториум за какви било градежни активности согласно планот за управување со светско природно и културно наследство на охридскиот регион., информираат од СВР Охрид.


