Skip to main content

Сончево време со умерена облачност

Од вторник дестабилизација на времето со пообилни врнежи од дожд.
 |  инфодеск  | 
Foto Gjoko Simjanoski

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Во понеделник не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Во вторник врнежите локално ќе бидат пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени, а максималната од 14 до 21 степен.

фото: Ѓоко Симјаноски