Skip to main content

ЈП Градски Пазар Охрид

Започнаа активностите за изградба на катната гаража, паркингот кај Градскиот пазар од денес вон функција

Катната гаража предвидува приземје, 5 ката и тераса, и ќе има капацитет од над 200 паркинг места.
 |  инфодеск  | 


Од денес започнаа подготвителните активности на просторот каде ќе се гради катната гаража во Охрид. Објектот ќе се гради на просторот на отворениот паркинг на ул Абас Емин во близина на Градскиот пазар.

-Паркингот од денеска е затворен и е вон функција, информираа од ЈП Градски Пазар.

Според проектот, катната гаража предвидува приземје, 5 ката и тераса, и ќе има капацитет од над 200 паркинг места.

Вредноста на проектот изнесува околу 1,73 милиони евра. Со овој проект општината аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа. Општина Охрид склучи договор, по втора изменета објава за изведувач, со компанијата „Топлина“ од селото Подмоље. Рокот за изведба е 30 месеци. ,

Со новата катна гаража според најавите од локалната самоуправа ќе стопанисува ЈП Градски пазар и се очекува објектот да го ублажи еден од најгорливите проблеми во Охрид, недостатокот од јавен паркинг простор и намалување на сообраќајниот хаос во централното градско подрачје.