Променливо и нестабилно време со дожд, грмежи и пад на температурите
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималните температури во Охрид денес од 7, а максималните 17 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.


