Во петок монодрамата „Менопауза“ на Тијана Дапчевиќ ќе биде изведена во Охрид
Билетите се во продажба на следните локации: Аждер, Irish Pub Dublin и Le Petit Bistro Lihnidos.
Овој петок, 24 април, во Домот на култура „Глигор Прличев“ со почеток во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Менопауза“на Тијана Дапчевиќ.
-Урнебесен stand-up со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовни недоразбирања и мажи во криза на средни години – Тијана без филтер ќе ве насмее до солзи уште од првата минута, порачуваат организаторите.
Текстот е на Данило Вукотиќ, а режијата на Раде Вукотиќ.
Билетите се во продажба на следните локации: Аждер, Irish Pub Dublin и Le Petit Bistro Lihnidos.


