Skip to main content

Младински Центар Охрид

Младински Центар Охрид добива „Музичка соба“ – нов простор за креативност на младите

Младите во Охрид добиваат свој музички агол – свечено отворање во четврток
 |  инфодеск  | 

Младински Центар Охрид добива Музичката соба, простор неменет за младите да создаваат, вежбаат и да ја претвораат својата енергија во музика.

Подготвивме кратки музички настапи од младите музичари, дружење и мал коктел — во опуштена и музичка атмосфера, информираат организаторите.

Официјалното отворање ќе биде четврток, 23 април во 12 часот во просториите на Младински Центар Охрид.