Skip to main content

УХМР

Сончево со температури до 16 степени

Денес во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 16 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Денес во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 16 степени Целзиусови.

Од УХМР најавуваат дека за време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува
умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.