Пожар во сендвичара на Кеј Македонија, две лица повредени
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.
На 25.04.2026 во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во сендвичара на ул. „Кеј Македонија“ во Охрид. При тоа со изгореници се здобиле двајца вработени, 39 годишник од Охрид и 30 годишно лице од Битола, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицински центар Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.


