Возач со камион натоварен со дрва се обидел да удри полициски службеници
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Охрид.
Вчера во 23:15 кај место викано ,,Бел Мост“, во атарот на с.Волино, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило, со цел да се изврши контрола.
-Возачот не застанал туку со возилото се обидел да ги удри полициските службеници. При тоа од страна на полициските службеници биле испукани неколку куршуми, по што возачот се дал во бегство, а возилото кое било натоварено со дрва е запленето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Охрид.
foto-arhiva


