Најубав и најгрд дрес во Јужна Африка
Се бројат деновите до најголемиот светски спортски настан – Светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Освен среќните кои во живо ќе ги гледаат натпреварите во Јужна Африка, се проценува дека повеќе од една милијарда луѓе во светот ќе бидат пред ТВ екраните и ќе го следат првенството, а уште сега ги интересира секој детал за репрезентациите кои ќе учествуваат.
Најубав дрес на Светското првенство, според Его ТВ, ќе има репрезентацијата на Брегот на Слонова коска. Тие го следат дизајнот на останатите дресови на африканските репрезентации кои ги опрема Пума, а нивниот национален знак на левото рамо е слон кој ја прегрнува топката, интересно.
На Словенците им припадна неблагодарната титула – сопственици на најгрд дрес. Кус коментар – Чарли Браун оди на СП – тоа е сосема доволно.
{loadposition content9}