Катја Крстаноска и Борјан Николоски од ООМУ „Методи Патче“ освоија први награди на Меѓународен натпревар во Требиње, БиХ
Од 24 до 26 април 2026 година, во Требиње, БиХ, градот на сонцето и чинарите, се одржа 4 издание на меѓународниот музички натпревар, со учество на натпреварувачи од 11 земји. Катја Крстаноска и Борјан Николоски од ООМУ „Методи Патче“ освоија први награди.
–По оценка на реномирана меѓународна комисија за пијано, во состав: Јуриј Кот, Драгомир Братиќ, Кристина Сочански, Душанка Гавриловиќ и Габор Наги и Ирина Алексејчук, нашите ученици постигнаа одлични резултати. Катја Крстаноска освои прва награда, а Борјан Николоски – специјална прва награда и покана за настап на завршниот концерт на најдобрите учесници на натпреварот. Честитки за извонредниот успех, порачуваат од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид, објавија од музичкото училиште „Методи Патче“.




