Skip to main content

Охрид домаќин на „Фер Плеј куп“: 1.100 деца од пет држави дел од фудбалскиот спектакл

Атмосферата на „Билјанини извори“ беше исполнета со позитивни емоции, поддршка од трибините и насмевки на лицата на најмладите.
 |  инфодеск  | 

Од 23 до 26 април, на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид се одржа 15-тото пролетно издание на детскиот фудбалски турнир „Фер Плеј куп“, кој и оваа година донесе вистинска спортска магија и детска радост.

На турнирот учествуваа околу 70 екипи, односно над 1.100 млади фудбалери од пет држави, кои се натпреваруваа во шест возрасни категории. Во текот на четирите натпреварувачки дена, терените беа исполнети со енергија, фер-плеј дух и искрена љубов кон фудбалот.

Покрај натпреварувачкиот карактер, турнирот претставуваше и одлична можност за дружење, стекнување нови пријателства и размена на искуства меѓу младите спортисти.

„Фер Плеј куп“ уште еднаш потврди дека е еден од најзначајните детски спортски настани во регионот, кој негува вистински вредности и го промовира спортскиот дух кај најмладите.