СВР Охрид поднесе кривична пријава против угостителски објект поради точење алкохол на малолетници
На тројца малолетници им било овозоможено во објектот да консумираат алкохол, без притоа да им биде побаран документ за идентификација, велат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Охрид, во сопственост на 43-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“, информираа од СВР Охрид.
-На 04.04.2026 на тројца малолетници им било овозоможено во објектот да консумираат алкохол, без притоа да им биде побаран документ за идентификација, се вели во полициското соопштение.


