УХМР: До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Денес во Охрид минималните температури од 8, а максималните до 21 степени Целзиусови.
Од УХМР велат дека до крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Утре ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во четврток наместа ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во значително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време, а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени.


