Skip to main content

Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти

Концертот ќе се одржи на спортскиот терен во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со почеток во 19 часот, Влезницата е 50 денари.
 |  инфодеск  | 

Утре учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид организираат хуманитарен концерт со цел да се обезбеди помош за социјално загрозените семејства на матуранти.

Ве покануваме да бидете дел од овој настан исполнет со музика, младешка енергија и хуманост. Секој купен билет е поддршка за оние на кои им е најпотребно, велат од училиштето.

Концертот ќе се одржи на спортскиот терен во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со почеток во 19 часот, Влезницата е 50 денари.