Ј.П. ,,Охридски Комуналец” на терен: Се уредуваат патишта, тротоари и зелени појаси низ Охрид
Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” информираат дека нивните дежурни екипи посветено се ангажирани во исполнување на активностите за почист и поубав Охрид.


-Екипите задолжени за одржување на јавното зеленило и јавната чистота секојдневно се распоредуваат за реализација на активности на различни локации во централното градско подрачје, периферните делови од градот и приградските населби. Интензивно се косат тревните површини, се уредуваат дрворедите, се отстранува ниска вегетација од тротоарите и дива вегетација покрај коловози и пешачки патеки, се вели во соопштението од претпријатието.



Покрај секојдневните активности во централното градско подрачје, од претпрјатието посебен акцент ставаат во расчистување на расфрланиот ситен комунален отпад на патниот правец до с.Велестово, косење на зелениот појас на патен правец до населба Свети Стефан, с.Пештани, с. Велгошти, уредување на делот кај мостот во с. Велгошти за поголема прегледност во сообраќајот, тековно одржување на шумските патеки во Стар Град и други локации.



