Skip to main content

20 години музичка традиција: Јубилеј на ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ во Струга

Концерто започнува во 19 часот.
 |  инфодеск  | 

По повод 20 години од постоењето на Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ – истурени паралелки во Струга, денес ќе се одржи јубилеен концерт во НУ Центар за култура Браќа Миладиновци во Струга.

Во изминатите 20 години, нашето училиште прерасна во значаен центар за музичко образование во државата, кој создаде бројни млади кадри што своето образование го продолжија на престижни универзитети и денес се истакнати уметници, велат од училиштето.

Во рамки на програмата ќе настапат хорот и оркестарот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба.

Концерто започнува во 19 часот.