Волонтери на Црвен крст Охрид во посета на новиот Центар за активно стареење
Волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид, која е насочена кон унапредување и зголемување на грижата за повозрасните лица, ја посетија просторијата на Центарот за дневен престој со активно стареење во Охрид, кој е во завршна фаза пред отпочнување со работа.
Од организацијата информираат дека, како едни од иницијаторите за отворање на ваков центар на територијата на Општина Охрид, со задоволство го следат процесот на неговата реализација.
Според нив, се очекува центарот да прерасне во значајно место за социјализација, поддршка и активно учество на повозрасните лица во заедницата.
Од Црвен крст Охрид потенцираат дека остануваат посветени на мисијата за обезбедување повеќе грижа, внимание и достоинствено стареење за сите.


