Полициски билтен: семејно насилство, возење без дозавола, попречување на службени лица
Во изминатото деноноќие на подрачјето на Охрид, полицијата евидентирала повеќе настани со приведувања поради семејно насилство, сообраќајни прекршоци и попречување на службени лица.
На полноќ, околу 00:30 часот, полициски службеници привеле 36-годишен охриѓанец по пријава од неговата 65-годишна мајка. Според пријавата, претходната вечер околу 21:00 часот во семејниот дом тој се однесувал агресивно кон неа и кон својата сопруга, упатувал закани и ги избркал од домот. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден, во 14:20 часот, на магистралниот пат Охрид–Кичево кај селото Ботун, полицијата лишила од слобода 29-годишен жител на кичевско. При контрола на товарно возило „ман“ со приколка било утврдено дека управувал без возачка дозвола. По документирање на прекршокот, ќе следува соодветна пријава.
Претходно, во 10:45 часот на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, приведен бил 62-годишен маж од градот. При контрола на мопед со охридски регистарски ознаки било констатирано дека возел без возачка дозвола. Мопедот е одземен, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вечерта, во 20:55 часот на граничниот премин „Свети Наум“, на влез во државата, полицијата привела тројца државјани на Албанија на возраст од 52, 51 и 26 години. При контрола на патничко возило „ауди“, 52-годишникот се однесувал агресивно и навредувал царински службеник, додека останатите двајца се обиделе да ги попречат полицајците во извршување на службените дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.


