Хуманоста на дело: Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со концерт за поддршка на матуранти
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид уште еднаш покажаа дека младите знаат и можат да бидат солидарни и двигатели на позитивни промени.
На 29 април 2026 година, во спортскиот терен на училиштето, под менторство на проф. Жармена Китрозоска, се одржа хуманитарен концерт со цел да се обезбеди помош за матурантите од социјално загрозени семејства.


Настанот обедини бројни ученици кои ги претставија своите таленти преку музички настапи, танц и стендап уметност, создавајќи атмосфера исполнета со емоции и позитивна енергија.



И оваа година, како и претходната, учениците покажаа високо ниво на хуманост, несебичност и сплотеност околу една заедничка цел. Концертот го водеа Вик Какаротски и ученичката Јана Кузманоска, која успешно се докажува во водителството.

Двочасовниот настан беше повеќе од обична забава, тој беше потсетник дека малите гестови можат да создадат големи промени и дека вистинската вредност лежи во хуманоста.


