Skip to main content

Охрид се навраќа во златната ера: Вечерва „MTV Greatest Hits“ концерт на Оркестар DIVA во НУЦК „Григор Прличев“

Концертот ќе се одржи во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид со почеток од 20 часот.
 |  инфодеск  | 

Еден од најбараните проекти на Оркестар DIVA конечно доаѓа и во Охрид. Концертот „MTV Greatest Hits“ носи уште поинакво, подлабоко значење особено сега, кога MTV повеќе не постои во онаа форма во која сите го паметиме, како симбол на една генерација, еден звук и едно време, велат од Оркестарот DIVA.

– Концертот ќе биде враќање во една златна ера, во време кога музиката имаше поинаква тежина, кога песните не беа само хитови, туку дел од нашето растење, од нашите спомени, од нашите први љубови, другарувања, излегувања и соништа. Заедно ќе се потсетиме на песните што обликуваа цела генерација, песни што се слушаа гласно, се пееја од срце и останаа засекогаш врежани во нас. „MTV Greatest Hits“ во Охрид ќе биде вечер за сите што сакаат повторно да ја почувствуваат магијата на таа златна доба и тоа искрено, силно и со многу емоција, порачуваат организаторите.

Концертот ќе се одржи во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид со почеток од 20 часот, а на истиот ќе настапат Ана Петановска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.

Билетите се во продажба по цена од 500 денари на линкот.