Има ли педофилски скандал во ОБСЕ во Македонија
Јавноста дозна за „случајот“ преку анонимно писмо, наводно, од вработен во Мисијата.
| Маја Савиќ | Македонија
ОБСЕ
Со анонимно писмо македонските медиуми деновиве се информирани дека вработен на висока позиција во Мисијата на ОБСЕ во Скопје наводно бил инволвиран во детска порнографија и проституција. Според дописот вработениот во Мисијата ја напуштил земјава уште пред десетина дена.
Во писмото се наведува дека сознанијата за педофилската активност на високиот службеник во ОБСЕ веќе подолго време се држеле во затворениот круг на Мисијата од страв од скандал што би можел сериозно да му наштети на угледот на ОБСЕ. За целиот случај биле информирани македонските власти, по што неофицијално се дознава дека се направени повеќе разговори со претставници од Мисијата. Сепак, официјално и двете страни засега одбиваат да зборуваат за педофилскиот случај во ОБСЕ.
Од Министерството за внатрешни работи вчера ниту го негираа ниту го потврдија случајот, наведувајќи дека, како и досега, ќе ја информираат јавноста „за случаи што се процесиуирани или за кои имаме доволно докази за да ги процесуираме до обвинителството, додека за работи што се во тек МВР не може да ги информира граѓаните“.
Во реакцијата од Мисијата на ОБСЕ за случајот се наведува дека тие официјално не се информирани за какви било кривични пријави против некој од нејзините членови. „Вработениот на кого ова се однесува во моментов е заминат во странство“, се наведува во писмената реакција од ОБСЕ до „Утрински весник“. „Доколку биде поднесена пријава против член на Мисијата за наводни криминални активности, генералниот секретар на ОБСЕ детаљно ќе ги испита доказите што ќе бидат доставени од надлежните во согласност со важечките прописи и правила за вработените во ОБСЕ, кои се договорени од сите земји-членки“, се наведува во реакцијата.
Во анонимното писмо со име и презиме се посочува Норвежанец. Наводно, во потрага по докази одземен е и компјутерот од неговиот стан.
{loadposition content9}