Skip to main content

Полицијата трага по 16-годишна девојка од охридско село, која синоќа се оддалечила од домот

Семејството пријавило дека девојката се оддалечила од домот на 30 април.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

На 1 мај 2026 година, во 02:30 часот, во СВР Охрид било пријавено исчезнување на 16-годишна девојка од едно охридско село. Според пријавата од таткото на девојката, таа на 30 април се оддалечила од семејниот дом.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на девојката.