Skip to main content

Денеска се одбележуваат 123 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев

Македонија денес одбележува 123 години од смртта на Гоце Делчев, организатор и водач на Македонската револуционерна организација. Загина на 4 мај 1903 година во борба кај селото Баница, Серско.
 |  инфодеск  | 

Денес се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија.

Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава.  Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.