Не е важно да си дел од тим, важно е тимот да победува
Последниот мајски ден го означи почетокот на соработката меѓу Жозе Мурињо и Реал Мадрид.
| Маја Савиќ | Спорт
Муринјо
Трансфер сагата заврши вчера по што 47-годишниот португалец доби можност да ги предводи „Кралевите“ во наредните 4 години. Неофицијално ќе заработува 10 милиони евра годишно.
По петминутната фото-сесија пораката што ја упати „специјалниот„ беше како и секогаш јасна.
„Сакам големи предизвици. Кон Реал ме привлече е историјата на клубот, како и фрустрациите по неколкуте неуспешни години. Реал е единствен и ако некој тренер или фудбалер не бил дел од мадридскиот состав има празнина во кариерата. Сепак, најдоброто од се не е да се биде во тимот, туку да се победува со него“ изјави Мурињо.
{loadposition content9}