Skip to main content

Собранието денес го изгласа Законот за Советот на јавни обвинители

Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за”,15 „против” го донесоа Законот за Советот на јавните обвинители кој е дел од реформската агенда.
 |  инфодеск  | 

Со 64 гласови ,, За”,15 ,, против” и ниту еден ,, воздржан”, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на РСМ кој е дел од Реформската агенда.

Со предложеното законско  решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина.

Се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Се воведуваат јасни и транспарентни критериумиСе гарантира нивната стручност, искуство и интегритет, по пример на критериумите предвидени во новиот Закон за Судскиот совет. На тој начин, се гарантира избор на најквалитетните кандидати.

Се воведува обврска за целосно и аргументирано образложение на одлуките за избор, унапредување и дисциплинска одговорност на обвинителите.

Се воведува доследна примена на системот на заслуги – односно мерит-системот, при избор, унапредување и разрешување на јавните обвинители.

Се зајакнува транспарентноста на Советот преку:

  • обврска за објавување на одлуки и извештаи,
  • јавно одржување на седници,
  • директни преноси и информирање на јавноста.

Воведуваме јасна двостепеност во дисциплинските постапки. Советот одлучува како второстепен орган, а против неговите одлуки е дозволена судска заштита. Со ова се обезбедува целосна заштита на правата на јавните обвинители, што е директен одговор на препораките на Европската комисија. Детално се уредува постапката за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, со прецизирани рокови и критериуми. Се зајакнува улогата на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија. Советот на јавните обвинители може да поднесе иницијатива за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија до Собранието“, се наведува во соопшението од Министерството за правда.