Skip to main content

Од утре изложба на трудовите од БИМАС 2025 во Куќата на Робевци

Трудовите во Охрид ќе бидат изложени до 20 мај, а свеченото отворање е утре, сабота во 19:00 часот.
 |  инфодеск  | 

 Трудовите од 22. Биенале на македонската современа архитектура БИМАС 2025 од утре во Куќата на Робевци.

Трудовите во Охрид ќе бидат изложени до 20 мај, а свеченото отворање е во 19:00 часот.

За првпат БИМАС е одржан во далечната 1981 година и е водечко случување во областа на архитектурата во нашата земја.

БИМАС е значаен фестивал на архитектурата што ги обединува професионалците и љубителите на архитектурата од земјата и странство, со цел да го истакне влијанието на архитектурата врз квалитетот на живеењето. Настанот вклучува богата програма со изложби, конкурси, предавања, промоции и филмски проекции