општина охрид
Охрид и Веспрем потпишаа Договор за збратимување
Официјализирана соработката меѓу Охрид и унгарскиот град Веспрем
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека денес во Веспрем, направен е значаен чекор во зајакнувањето на меѓународната соработка на Охрид. Имено, официјално беше потпишан Договорот за збратимување со градоначалникот Ѓула Порга.

-Овој документ не е само протоколарна обврска, туку платформа за конкретна соработка во повеќе области како култура, туризам, образование, спорт, дигитализација… Убеден сум дека размената на искуства и европски практики ќе донесе видливи придобивки. Охрид продолжува да се етаблира како отворен, европски град кој гради силни и долгорочни партнерства. Продолжуваме со посветена работа за поубав и попросперитетен Охрид!, изјави градоначалникот Пецаков.



