ЈП „Водовод“ Охрид доби нова опрема вредна над 1,1 милион денари
Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија преку набавка на опрема“, за потребите на ЈП Водовод Охрид е набавена и ставена во трајно користење нова опрема во вкупна вредност од 1.163.200 денари. Проектот се реализира преку Центар за развој на Југозападен плански регион, со одлука на градоначалникот на Општина Охрид.
Во рамки на набавката обезбедени се апарат за детекција на дефекти на водоводни цевки – геофон SebaKMT HL-7000 со комплет придружна опрема, електричен ударен чекан Makita HM1812 со количка за транспорт и чување, како и два режачи за пилинг за подготовка при електрофузионо заварување на полиетиленски цевки со различни профили.



Oсновна цел на проектот е подобрување на капацитетите на јавните комунални претпријатија во Југозападниот плански регион преку модернизација и набавка на современа опрема, што ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно извршување на услугите кон граѓаните.
Проектот е финансиран од Биро за регионален развој во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, а го реализира Центар за развој на Југозападен плански регион.


