Skip to main content

Второ место за флејтистката Марија Дузлеска на меѓународен натпревар во Црна Гора

На натпреварот учествуваа 200 натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Русија.
 |  инфодеск  | 

Од 7 до 11 мај 2026 година, во Тиват, Црна Гора се одржа вториот по ред Меѓународен натпревар за дувачки инструменти, на кој настапи и Марија Дузлеска, ученичка во ДСМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“, дисперзирани паралелки Струга, од класата на м-р Светлана Богданоска-Ристоски, која во силна конкуренција ја освои втората награда.

На натпреварот учествуваа 200 натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Русија.

Од школото во нивното соопштение додаваат дека комисијата за дисциплина флејта ја сочинуваа Матеј Зупан (Словенија), Марина Ненадовиќ (Србија), Страшо Темков (Македонија) и Бруна Матијевиќ (Црна Гора), информираат од ДСМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“, дисперзирани паралелки Струга.