Skip to main content

ОХРИД ЕКО 2026: Успешна регионална еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа.
 |  инфодеск  | 

Овој викенд во водите на Охридското Езеро, со централна локација во Автокамп Градиште, успешно се реализираше голема регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот Центар Амфора.

Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа.

Во текот на акцијата беше отстрането големо количество отпад од дното на езерото, со што уште еднаш се испрати силна порака за значењето на еколошката свест, заштитата на природата и регионалната соработка.

Во акцијата учествуваа следните клубови и организации:

• Нуркачки Центар Амфора – Македонија
• Завод и Музеј – Охрид
• Црвен Крст Охрид – Македонија
• КПД Охрид – Македонија
• СНК Врело – Македонија
• ЕНК Пена – Македонија
• САЕ Тигар – Македонија
• БСН Волци – Македонија
• KPA Marsonia – Хрватска
• Triton Tec Team – Србија
• SRK Shark и SRK Vitez – Босна и Херцеговина

Организаторите упатуваат голема благодарност до сите учесници и поддржувачи кои придонесоа за успешна реализација на проектот, меѓу кои: SSI Blue Oceans, Општина Охрид, Бучен Козјак, Винарија Охрид, Скопско, DigitalBox, Автокамп Градиште, Ресторан Острово, Хотел Два Бисера, Вила Бисера, Инекс Олгица – Hotel & Spa и Hotel Tino & Spa.

Охрид ЕКО 2026 уште еднаш покажа дека заедничката грижа за природата може да создаде вистински и долгорочни промени за идните генерации.