Ретро магија во Струга: Изложба на олдтајмери привлече бројни посетители на Машка плажа

Струга вчера беше во знакот на автомобилската класика и носталгијата, откако на паркингот кај Машка плажа се одржа изложба на олдтајмери, која привлече голем број граѓани, туристи и љубители на ретро возила.

Настанот беше организиран од Општина Струга и „Citroën 2CV Club Skopje“, а посетителите имаа можност одблиску да ги разгледаат легендарните автомобили, внимателно зачувани низ децениите, и да уживаат во уникатната атмосфера покрај Охридското Езеро.

Посебно внимание изложбата предизвика кај најмладите посетители, кои со љубопитност ги разгледуваа возилата, фотографираа и се запознаваа со дел од автомобилската историја.
Од Општина Струга посочуваат дека градот продолжува да биде домаќин на различни културни и забавни настани, со цел да понуди содржини за сите ген







