Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во петок
Во текот на денот ќе бидат претставени сите образовни профили и струки, како и можностите што ги нуди дуалното образование преку соработка со партнерски компании, информираат од училиштето.

Во петок, 22 мај, во периодот од 10:00 до 16:00 часот ќе се одржи Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
Посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со условите за настава, современо опремените кабинети и практичната работа што се реализира во училиштето.
Во текот на денот ќе бидат претставени сите образовни профили и струки, како и можностите што ги нуди дуалното образование преку соработка со партнерски компании, информираат од училиштето.







