Skip to main content

Утре подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција

Доколку граѓаните имаат прашања или сакаат да пријават неправилности можат да го користат зелениот телефон: 076 355 327.
 |  инфодеск  | 

Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 21.05.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.

Доколку граѓаните имаат прашања или сакаат да пријават неправилности можат да го користат зелениот телефон: 076 355 327.

-Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад како и правилата за одлагање само пластика и картон/хартија во жолтата и сината канта. Нашата иднина зависи од секој еден од нас, порачуваат од јавното претпријатие.