Skip to main content

Уште еден голем успех на Бреинобреин при Црвен Крст Охрид

Бреинобреин Центарот на Црвен Крст Охрид учествуваше со 36 деца од кои сите добија награди и тоа 13 трофеи , 13 златни медали и 10 сребрени медали.
 |  Маја Савиќ  | 

На 9-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата, кој се одржа во Скопје, во силна конкуренција, 36 Бреинобреин генијалци од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид се закитија со вредни одличја.

– Од нашиот Бреинобреин Центар учествуваа 36 деца од кои сите добија награди и се здобивме со 13 трофеи , 13 златни медали и 10 сребрени, кажа Ангела Кузманоска, инструктор во програмата.

И овој пат учениците и нивните тренери потврдија дека охридскиот Центар е еден од најуспешните во Македонија. Успехот не е случаен , тој се должи на континуирана работа, посветеност, ангажираност, професионалност од страна на тренерите кои ја имплементираат БОБ програмата во Црвен Крст Охрид, вели Координаторот и инструктор во програмата Валентина Кузманоска.

– Ја користам оваа прилика да изразам благодарност кон родителите за нивната ангажираност посветеност и максимална доверба која ни ја имаат дадено нам како Центар бидејќи тие се една нераскинлива алка кои прават успехот да биде целосен, изјави Валентина Кузманоска.

Оваа година на националниот натпревар во делот на демо-презентации охридскиот БОБ центар го претставија четири ученици кои го завршуваат највисокото 10-то ниво.

-Тие се наменети за ученици во повисоките нивоа од 5-то до 10-то и на тие демо-презентации, учениците имаат можност да покажат во исто време повеќе активности, да пеат, свират, играат и во исто време да пресметуваат, објаснува Кузманоска.

Демо изведбите на учениците од охридскиот центар, како посебно атрактивна содржина на Беинобреин натпреварите, оставија силен впечаток пред многубројната публика која го следеше настанот.

-Јас сум Петар Митров и ја свирев песната „Јас сум мома охриѓанка“ на виолина и решавав пет суми во исто време.

-Јас сум Хрисан Глигороски и учествував во демо-презентациите каде што решавав трицифрени со едноцифрени броеви делење и во исто време пресметував пет суми.

Јас сум Борјан Николоски , учествував на демо презентациите на 9-тиот Национален БОБ натпревар, јас сум 10-то ниво. Свирев композиција од Јохан Себастијан Бах додека решавав диктат ( каде бројките заменуваат букви) пет редови.

Бреинобреин програмата е наменета за деца на возраст од 4-14 години за развој на животни вештини како меморија, концентрација, визуелизација, имагинација, креативни способности и истата им овозможува целосно и ефикасно искористување на мозочниот потенцијал.