Skip to main content

Французин украл 15 килограми злато од фабриката на “Ролекс“

Дваесет и двегодишен Французин украл околу 15 килограми злато од фабриката за производство на луксузни часовници “Ролекс“ во Женева, јави руската новинска агенција Интерфакс.

 |  Маја Савиќ  | 
Rolex
Ролекс
zlaten RolexДваесет и двегодишен Французин украл околу 15 килограми злато од фабриката за производство на луксузни часовници “Ролекс“ во Женева, јави руската новинска агенција Интерфaкас.

Во информацијата се вели дека момчето било примено на работа пред извесно време, а дека по утврдувањето оти златото од фабриката го снемува веднаш било приведено. Тој на полицајците им признал дека зел само 5 килограми злато. Истражните органи при претресот во станот на Французинот, не нашле ништо. Сeпак сомнително на швајцарската полиција и е тоа што момчето пред извесно време купило скап автомобил. Се претпоставува дека златото тој го изнел од фабриката во седум наврати.
{loadposition content9}