Skip to main content

Награда за Гимназијата „Св. Климент Охридски“ на 63. ДАФ во Кочани

Наградата за најдобра машка епизодна улога му беше доделена на Мартин Мацкоски за улогата на Козимо во претставата „Перфектни странци“
 |  инфодеск  | 

Гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид освои значајно признание на 63. Драмски аматерски фестивал во Кочани, а успехот го круниса наградата за најдобра машка епизодна улога за ученикот Мартин Мацкоски.

Наградата за најдобра машка епизодна улога му беше доделена на Мартин Мацкоски за улогата на Козимо во претставата „Перфектни странци“.

Од Гимназијата истакнуваат дека ова признание е резултат на заедничката посветеност и труд на целиот тим, младите актери, ученици, кои со многу емоции, искреност и љубов кон театарот ја оживеале претставата на сцената.

„Оваа радост денес им припаѓа на сите – на секој ученик што ја остави својата емоција на сцената, на секој поглед полн трема, љубов и храброст. Токму затоа овој успех има посебна тежина – затоа што е создаден со срце. Горди до небо!“, стои во објавата на Гимназијата.

Претставата беше подготвувана под режија и менторство на професорката по Драмска уметност и Македонски јазик и литература, Ирена Бачиќ.