Ќе има измени во режимот на сообраќај во центарот на Охрид поради посетата на Пленковиќ
Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според измените на режимот на сообраќај.

Се известуваат сите граѓани на Охрид дека на 26.05.2026 (вторник), поради престојот на Премиерот на Република Хрватска во Охрид, ќе се извршат одредени измени на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Охрид, односно на бул.„Туристичка“, бул.„Св.Наум Охридски“ и Стар град.
Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според измените на режимот на сообраќај.







